петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 158
home Фудбал

Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити

Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави „Марка“.

Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот фудбалер го пропушти последниот тренинг на Мадрид. Постои можност поради повреда да не може да учествува на натпреварот со англискиот првак.

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите Реал – Манчестер сити ќе се одржи утре, 4 мај, на „Сантијаго Бернабеу“. Средбата започнува во 21 часот. Првиот натпревар Сити го доби со 4:3.

Вечерва од 21 часот се игра првото полуфинале. Во него ќе се соочат Виљареал и Ливерпул. Првиот меч го доби англискиот претставник со 2:0.

Коронавирус