вторник, 26. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Алаба ја одби понудата на Сити, сака да се пресели во Шпанија

Алаба ја одби понудата на Сити, сака да се пресели во Шпанија

Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба, планира да го напушти германскиот тим во летниот преоден рок, пренесува „Билд“.

Според изворот, Австриец ја одбил понудата на Манчестер сити затоа што сака да се пресели во Реал Мадрид или Барселона, кои се заинтересирани за 27-годишниот фудбалер.

Претходно беше објавено дека Алаба започна соработка со добро познатиот агент Пини Захави.

Во сезоната 2019/20, Алаба одигра 28 меча за Баерн Минхен, постигна еден гол и запиша две асистенции. Вредноста на фудбалерот во моментов се проценува на 65 милиони евра. Договорот на Алаба со Баварците важи до летото 2021 година, но изворот вели дека играчот најверојатно нема да ја продолжи соработката.

Коронавирус