петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Фудбал

Ал Ахли се откажа – Алиоски барал премногу пари!

Ал Ахли се откажа – Алиоски барал премногу пари!

Егијан Алиоски сепак нема да ја продолжи кариерата во тимот на Ал Ахли откако клубот од Саудиска Арабија реши да ги прекине преговорите со македонскиот репрезентативец.

Слично како и при преговорите со Галатасарај, во прв момент се чинеше дека сите детали се договорени, па Ал Ахли дури излезе и со сумата од 2,5 милиони евра по сезона што ќе ја добива македонскиот интернационалец. Сепак, како што одминуваа деновите, а немаше официјализација на трансферот, стана јасно дека постои пречка за негово комплетирање.

„Готово е, Алиоски нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Преговорите се прекинати, повеќе нема да се разговара на оваа тема поради превисоките барања на фудбалерот“, објави Ал Ахли преку своите профили на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, објави дека преговорите со Алиоски исто така пропаднале поради превисоките барања на Македонецот. Останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата екс-фудбалерот на Лидс, кој речиси цел месец е слободен играч, но никако не успева да го комплетира наредниот трансфер по заминувањето од „Иланд Роуд“.

Коронавирус