недела, 19. септември 2021. Вести денес: 87
home Фудбал

Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија

Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија

Босанскиот фудбалски стратег Бруно Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија и од денеска е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот шампион, соопшти тетовскиот клуб.

Акраповиќ се враќа во редовите на Шкендија по петгодишна пауза, откако го предводеше тетовскиот прволигаш од октомври 2015 до декември 2016 година.

Тренерското место во Шкендија беше испразнето откако клупското раководство му врачи отказ минатата недела на албанскиот тренер Ернест Ѓока по катастрофално лошите изданија во еврокуповите.

Тетовскиот клуб претрпе експресна елиминација сезонава во Лигата на шампиони со два порази од словенечка Мура (0:1, 0:5), по што беше елиминиран од летонска Рига во 2. коло во Конференциската лига со вкупен резултат 0:3 (0:2, 0:1). (МИА)

Коронавирус