среда, 12. мај 2021. Вести денес: 10
home Фудбал

Академијата на ФФМ втора на турнирот во Ерменија

Академијата на ФФМ втора на турнирот во Ерменија

Академијата на Фудбалската федерација на Македонија предводена од тренерите Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир во Ереван, Ерменија.

Македонскиот репрезентативец Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот.

Победени беа Белорусија (2:0), Ерменија два пати со ист резултат (2:0) и Казахстан, а единствениот пораз Академија ФФМ го претрпе од Иран со минимални 1:0.

Иран го освои првото место со пет победи, Македонија заврши на втората позиција со четири победи во пет натпревари.

Коронавирус