понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Академија Пандев со денешната победа си обезбеди место во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Академија Пандев со денешната победа си обезбеди место во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Академија Пандев ќе игра во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, откако попладнево во полуфиналето ја совлада Македонија ЃП со 3:1.

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Бесник Ферати и Марјан Радевски (два од пенал).

Изет Ајрулаху го постигна единствениот гол за домашната екипа.

Двете екипи натпреварот го завршија со по десет фудбалери поради црвените картони на Ферати 45. минута и Томе Китановски 60. минута.

Противникот на струмичани во мечот за трофејот ќе биде познат утре по одигрување на дуелот Струга Трим Лум – Силекс. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија