четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 188
home Фудбал

Академија Пандев ги продолжува подготовките во Турција

Академија Пандев ги продолжува подготовките во Турција

Есенскиот вицешампион, екипата на ФК Акдемија Пандев, денеска отпатува за Анталија, Турција, каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од првенството на Првата македонска фудбалска лига.

Во традиционалната зимска база „пандевци“ ќе останат до 1 февруари и во текот на престојот треба да одиграат четири контролни средби.

Прв противник на струмичани ќе им биде екипата на Нови Пазар од Србија, со која ќе ги одмерат силите на 23 јануари, потоа со Лиапи од Косово, Крилја Совјетов од Русија и на крајот со бугарската ЦСКА.

Подготовките за вториот де од првенството Академија Пандев ги почна на 10 овој месец, а во меѓувреме одигра и контролен натпревар со струмичкиот второлигаш Беласица на кој „пандевци“ забележаа победа со 4:0.

Коронавирус