петок, 14. мај 2021. Вести денес: 23
home Фудбал

Агуеро во Барселона скоро завршена работа

Агуеро во Барселона скоро завршена работа

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе излезе како победник од трката по Серхио Агуеро откако Хоан Лапорта го убедил аргентинскиот голгетер да дојде во Каталонија.

Агуеро е еден од неколкуте врвни фудбалери кои се достапни без никаква отштета на пазарот, а неговиот ангажман беше приоритет за Лапорта пред се поради фактот дека станува збор за играч кој е близок пријател со Лионел Меси.

Според каталонските медиуми се очекува во следните денови Аргентинецот и официјално да го стави потписот на договорот, со што ќе мине следните две години во дресот на Барселона.

Коронавирус