петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Агентот на Ериксен: Половина свет ни се јави, Кристијан сака да ги бодри соиграчите со Белгија

Агентот на Ериксен: Половина свет ни се јави, Кристијан сака да ги бодри соиграчите со Белгија

Кристијан Ериксен се рехабилитира по шокантните случувања на теренот на „Паркен“ стадионот, а неговиот агент вели дека данскиот репрезентативец е во добра состојба, но ќе биде мора да биде многу трпелив поради деталите прегледи кои мора да ги помине периодов.

– Сакаме да знаеме што му се случи, а и тој самиот инсистира на тоа. Лекарите прават детални испитувања за кои е потребно време, – изјавил Мартин Шотс, агентот на Ериксен.

– Утринава зборував со Кристијан, тој се чувствува одлично, беше расположен и за шегување.

– Истовремено е среќен поради љубовта која ја добива од сите страни, половина свет ни се јави, сите се загрижени, а тој е посебно трогнат од реакциите на луѓето и фановите околу неговиот клуб Интер.

– Во моментов со него се сопругата и неговите родители, но во секој случај тој сака да ги бодри соиграчите од репрезентацијата на дуелот со Белгија,- изјавил Шотс.

Коронавирус