недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Фудбал

Агентот на Елмас се огласи за иднината на фудбалерот и одговори на пишувањата за негово заминување од Наполи

Агентот на Елмас се огласи за иднината на фудбалерот и одговори на пишувањата за негово заминување од Наполи

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас во последно време се почесто се наоѓаше во медиумите во Италија откако излегуваа шпекулации дека тој може да си замине од клубот и да реализира јануарски трансфер во друг клуб.

Елмас се поврзуваше со трансфер во Бенфика овој јануари, а се пишуваше дека неговата ситуација ја следат и од Борусија Дортмунд и од Лидс. Англискиот тим предводен од Марсело Биелса и во летниот преоден рок го следел Елмас и дури испратил понуда од 22 милиони евра, но истата била одбиена.

Сега за целите овие зборувања во јавноста се огласи и агентот на Елмас, Џорџо Гарди кој во интервју за „Тутомеркато“ истакна дека желбата на фудбалерот е да остане во Наполи.

– Желбата на играчот е да ја комплетира актуелната сезона во Наполи, а потоа да се фокусира на Европското првенство, -истакна Гарди за „Тутомеркато“.

Инаку Елмас во послендо време не добива голема минутажа од тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, но ги игра речиси сите натпревари на Наполи, меѓутоа најчесто влегувајќи од клупата за резервни фудбалери.

Коронавирус