вторник, 11. август 2020. Вести денес: 109
home Фудбал

Агентот на Џејмс тврди дека тој има иднина во Манчестер Јунајтед

Агентот на Џејмс тврди дека тој има иднина во Манчестер Јунајтед

Даниел Џејмс сепак има светла иднина на „Олд Трафорд“. Така размислува неговиот агент Џонатан Барнет, според кого 22-годишниот крилен играч ќе биде важен дел од Манчестер Јунајтед следната сезона, иако конкуренцијата во тимот се зголемува.

Џејмс, кој пристигна во „црвените ѓаволи“ минатото лето за 15 милиони фунти, веќе е поврзуван за нов трансфер, иако за изнајмување. Според Барнет, сепак, тоа нема да се случи.

– Даниел Џејмс нема да биде испратен на позајмица следната сезона, изјави агентот на играчот.

Откако фудбалот беше продолжен на Островот, Џејмс ретко беше во стартните 11 на менаџерот Оле Гунар Солскјер. Фудбалерот честопати го отстапува своето место на тинејџерот Мејсон Гринвуд, кој импресионира со своите настапи на последните натпревари. Поради оваа причина, се претпоставува дека Џејмс може да биде испратен на заем за да добие повеќе минути за играње.

На прашањето дали има шанси Џејмс да биде ангажиран во друг тим, Џонатан Барнет рече: „Не. Тој е важен дел од тимот на Јунајтед. Го гледам како игра за Манчестер Јунајтед“.

И додека настапите на Даниел Џsејмс на „Олд Трафорд“ не се толку убедливи, оние на уште еден неодамнешен трансфер, Бруно Фернандеш, ги надминаа очекувањата.
Португалскиот играч од средниот ред е веројатно најдобриот играч на Јунајтед до сега.

Коронавирус