четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 185
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Фудбал

Агентот на Бејл отфрли враќање на Велшанецот во Премиер лигата

Агентот на Бејл отфрли враќање на Велшанецот во Премиер лигата

Агентот на напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, Џонатан Барнет изјави дека неговиот клиент нема намера да се врати во шампионатот на Англија.

– Како што секогаш велев, Герет е среќен во Мадрид, го цитира Goal.com, Барнет.

Тој сака да живее овде, не разбирам зошто треба да размислува за кариера на некое друго место. Тој веќе освои скоро сè, со исклучок на меѓународните турнири. Се разбира, враќањето на Бејл во Премиер лигата би било голем настан, но не верувам дека тој сака да се врати. Тој сака да игра за Реал Мадрид, додаде Барнет.

Во сезоната 2019/20, Бејл одигра 18 натпревари за Реал Мадрид, постигна три гола и две асистенции на негова сметка.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 30-годишниот Велшанец на 32 милиони евра. Претходно беше објавено дека за играчот е заинтересиран Њукасл.

Парламентарни избори 2020