среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Африкански куп на нации: Судијата два пати предвреме го заврши дуелот Мали – Тунис

Африкански куп на нации: Судијата два пати предвреме го заврши дуелот Мали – Тунис

Бројни судиски грешки го одбележаа вечерва дуелот од воведното коло во групата Ф во рамки на африканскиот Куп на нации меѓу Мали и Тунис (1:0), а пропустите кулминираа во финишот кога арбитерот во два наврати предвреме отсвири крајот на натпреварот.

Мали ја обезбеди победата преку пенал што во 48. минута го реализираше Ибрахим Коне, а Тунис на ист начин можеше да возврати во 77. минута, но Вахби Казри биеше непрецизно од белата точка.

Во крупен план на овој натпревар, сепак, беше главниот судија Џани Сиказве, кој со многу грешки го водеше дуелот, а најголемиот пропуст го направи во 85. минута, кога означи крај на натпреварот. Кратко потоа, на сугестија на својот помошник, одлучи да го продолжи натпреварот, означувајќи дефинитивно крај во 90. минута, иако во вториот дел беа досудени два пенали, беа извршени девет измени, а неколку пати се вклучуваше и ВАР системот.

Коронавирус