четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 11
home Фудбал

Адријано заврши в болница

Адријано заврши в болница

Своевремено еден од најталентираните фудбалери на светот, Адријано Леити Рибеиро, заврши в болницата откако му се инфицирала рана на раката.

Како што објави бразилското издание „Глобо“, Адријано бил примен во една од приватните клиники во Рио де Женеиро откако ја исекол раката.

На поранешниот бразилски напаѓач му се предвидуваше брилијантна кариера, која започна во Фламенго, а вниманието на светската јавност го сврте со своите игри во Италија во дресот на Парма, Фиорентина и особено Интер.

Сега веќе 36-годишниот Адријано не го исполни својот огромен потенцијал, најмногу поради депресијата и консумирањето алкохол.

Популарниот „Император“ по заминувањето од „Џузепе Меаца“ се обиде да се врати во фудбалот, повремено настапувајќи во Сао Паоло и Фламенго, но потоа одигра вкупно десет натпревари за шест години за Рома, Коринтијанс, уште еднаш Фламенго, Атлетико Парансе и Мајами.

За репрезентацијата на Бразил, тој постигна 27 голови во 48 натпревари.

Коронавирус