петок, 14. мај 2021. Вести денес: 44
home Фудбал

Адеми за среќа не е потешко повреден , велат хватските медиуми

Адеми за среќа не е потешко повреден , велат хватските медиуми

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми заработи повреда во натпреварот против Локомотива овој викенд и беше заменет уште во првата минута, а предводникот на Динамо најави дека се стравува од најлошото и скршеница.

Сепак, порталот „24сата“ објави дека од клубот им откриле повеќе околу ситуацијата. Според најавата, Адеми нема посериозна повреда туку оток на зглобот, а лекарите на „модрите“ сакаат да го спремат веќе за натпреварот против Виљареал во четвртфиналето на Лигата на Европа.

„Аријан Адеми доби многу незгоден удар во натпреварот против Локомотива. Има оток на ногата и лекарите на динамо прават сè за да ја санираат повредата. Тоа е трка со времето, меѓутоа се надеваме и веруваме дека ќе биде во ред за четврток“, изјавиле од Динамо за „24сата“.

Коронавирус