сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Адеми се повреди, се стравува од скршеница!

Адеми се повреди, се стравува од скршеница!

Од Хрватска доаѓаат неочекувано лоши вест за македонската фудбалска јавност, затоа што еден од нашите најдобри репрезентативци му се заканува посериозна повреда и долго отсуство од терените.

Аријан Адеми и дефинитивно нема да го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа со Виљареал, но од редовите на хрватскиот шампионат стравуваат дека сезоната на нивниот капитен е завршена.

Целата ситуација ќе биде разјаснета по резултатите од дополнителните прегледи, кои ќе кажат дали Адеми има скршеница на стапалото.

„Денес ќе бидат извршени деталните прегледи. Снимките ќе кажат за што точно се работи, но стравуваме затоа што првичните прогнози не се добри“, рече тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар.

Адеми поради болка во стапалото вчера предвреме го заврши натпреварот со Локомотива во хрватскиот шампионат.

Дефинитивно, оваа вест не е добредојдена за Игор Ангеловски и македонската фудбалска репрезентација во пресрет на нашето историско учество на едно Европско првенство.

Коронавирус