понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Адеми прогласен за фудбалер на годината во Хрватска

Адеми прогласен за фудбалер на годината во Хрватска
ффм

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, е прогласен за фудбалер на 2020 година во Хрватска.

Адеми освои 66 од можните 100 бодови, во традиционалната анкета на „Тпортал“, во која гласаат капитените на десетте екипи во хрватската Телеком Прва лига.

На второ место се најде капитенот на Хајдук Мијо Цакташ (46), додека третото место го поделија Франко Андријашевиќ (Риека) и Кристијан Ловриќ (Горица) со по 18 бодови.

– Мислам дека нема поголема чест и задоволство кога за најдобар те избираат луѓето од твојата професија. Токму затоа, овој трофеј „Капитените избираат“ ќе има посебно место во мојата кариера, изјави Адеми, кој мината сезона ја одбрани шампионската титула во Хрватска, а со Динамо годинава обезбеди и пласман во нокаут фазата во Лига Европа. (МИА)

Коронавирус