вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 158
home Фудбал

Адеми ќе биде во комбинација за настап во Динамо Загреб

Адеми ќе биде во комбинација за настап во Динамо Загреб

Фудбалерите на Динамо Загреб в среда ќе се обидат да се пласираат во групите од Лигата на шампионите.

За ова достигнување им е потребно победа од над три гола разлика, затоа што на првиот натпревар загубија убедливо со 3-0.

Стратегот на хрватскиот шампион Дамир Крзнар ги искажа очекувањата за овој натпревар и потврди дека од првата минута нема да може да смета на капитенот Аријан Адеми.

„Не би сакал да му ја откријам тактиката на противникот. Јакиќ чувствува болка во зглобот, тој не тренираше вчера, и ќе видиме како ќе биде денес. Покрај него и Адеми ќе биде на клупата за резерви и ќе чекаат можност да влезат доколку биде потребно“, рече Крзнар.

Македонскиот репрезентативец се повреди на дуелот со Омонија во квалификациите за Лигата на шампионите и цели седум натпревари е надвор од стројот на стратегот на „модрите“.

 

Локални избори 2021