сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Абрамовиќ нема намера да го продава Челзи

Абрамовиќ нема намера да го продава Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ нема намера да го продава клубот и покрај интересот на најбогатиот чешки бизнисмен, Петр Келнер, соопштува „Скај Спортс“.

Според чешкиот весник „Тајден“, Келнер има желба да започне преговори со Абрамовиќ за евентуалното купување на дел од акциите на Челзи. Меѓутоа, според „Скај“, таквите разговори се уште не се случиле и најверојатно нема да се одржат.

Роман Абрамовиќ го купи Челзи во 2003-та година, но во последните месеци се зборуваше многу за тоа дека рускиот милијардер има желба да го продаде клубот. Во јуни, Русинот одбил понуда од 2 милијарди фунти од најбогатиот Британец, Сер Џим Ратклиф.

Коронавирус