вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Фудбал

30 милиони евра го делат Азар од трансферот на соништата во Реал Мадрид

30 милиони евра го делат Азар од трансферот на соништата во Реал Мадрид

Сите помислија дека трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е готова работа.

Меѓутоа, шпанскиот клуб никако не може да ја договори откупната цена на Белгиецот. Во Англија се пишува дека Челзи бара 130 милиони и нема да попушти ни цент за да се ослободи од својот најдобар фудбалер.

Првата понуда од „кралевите“ е 100 милиони, што значи дека проблемот е во остатокот од сумата која што ја бара тимот на Маурицио Сари.

28-годишникот сонува да заигра на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа не го крие. Дури и ја одби рекордната понуда на клубот од Лондон која ќе го направеше најдобро платен играч во Премиер лигата.

Фокусот на Азар до крајот на сезоната ќе биде само на финалето во Лига Европа против Арсенал, а дури потоа ќе размислува за својата иднина.