четврток, 5. август 2021. Вести денес: 130
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Фудбал

15-годишниот Ромеро стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига

15-годишниот Ромеро стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига

Фудбалерот од средниот ред на Мајорка, Лука Ромеро стана најмладиот играч во историјата на првенството на Шпанија. Тој настапи синоќа на средбата со Реал Мадрид во натпреварот од 31. коло од Ла Лига на возраст од 15 години и 219 дена.

Ромеро се појави на теренот во 84-та минута, на местото на Идрис Баба и го сруши рекордот стар 81 година.

Претходно, најмладиот играч во Ла Лига беше Сансон, кој го направи своето деби со Селта во декември 1939 година на возраст од 15 години и 255 дена. (МИА)

Коронавирус