понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 20
home Фудбал

14 заразени од коронавирус во Премиер лигата

14 заразени од коронавирус во Премиер лигата

Седмиот тест на играчи и вработени меѓу клубовите на англиската елита покажа присуство на заразен со коронавирус, објави Премиер лигата, но не откри детали за пациентот.

Примероците беа земени во понеделник и вторник, и беа најмасовни од сите седум тестови досега. Испитани се 1.213 фудбалери и вработени од сите 20 тима.

Досега, позитивните резултати се вкупно 14 од спроведените 7.487 тестови. Следните примероци се очекува да бидат објавени во сабота.

Натпреварите во англискиот шампионат продолжуваат за точно една недела – на 17 јуни. (МИА)

Коронавирус