сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

100 дена до почетокот на Светското фудбалско првенство

100 дена до почетокот на Светското фудбалско првенство

Остануваат точно 100 дена до почетокот на најголемиот фудбалски планетарен собир кој се одржува еднаш на четири години.

Домаќин на Мундијалот 2018 ќе биде Русија.

Ова ќе биде прво Светско првенство што ќе го организира Русија. Ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули.

Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови: Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казан, Нижни Новгород, Самара, Саранск, Ростов-на-Дон, Сочи и Екатеринбург.

Отворањето на првенство ќе биде во Москва на стадионот „Лужники“. Маскотата на 21. Светско фудбалско првенство е волк по име Забивака.

Коронавирус