вторник, 23. април 2019. Вести денес: 116
home ТВ и Филм

Женска доминација на доделувањето на Греми: Погледнете кои дами беа наградени

Женска доминација на доделувањето на Греми: Погледнете кои дами беа наградени

Ноќеска во Лос Анџелесе беа доделени најпрестижните музички награди Греми на кои најголеми победници се Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.

Карди Б (26) влезе во историјата со тоа што стана прва жена која освоила Греми за најдобар рап албум „Invasion Of Privacy“, а беше и на чело на листата најинтересно облечени жени на црвениот тепих.

Во чекор ја следеше 30-годишната кантавторка Кејси Масгрејвс која ја освои најважната награда – за албум на годинава за „Golden Hour“, а на крајот си замина со четири златни грамофони.

Трета најважна женска добитничка на вечерта беше Лејди Гага која освои награда во категориите најдобар поп дует за песната „Shallow“ која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“, најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“ и најдобра песна напишана за визуелни медиуми.

Следуваат уште неколку добитници на Греми во популарни категории.

Песна на годината – Доналд Гловер и Лудвиг Горансон „This is America“

Најдобар нов изведувач – Дуа Липа

Најдобар поп албум – Аријана Гранде „Sweetener“

Најдобра денс песна – Силк Сити, Дуа Липа, Дипло и Марк Ронсон „Electricity“

Најдобра рап песна – Дрејк „God’s Plan“

Најдобра рап изведба – Кендрик Ламар, Џеј Рок, Фјучр и Џејмс Блејк „King’s Dead“

Најдобар R&B албум – H.E.R. “H.E.R.”

Најдобра R&B песна – Ларанс Допсон, Џоел Џејмс, Ела Маи и Дижон МекФарлан „Boo’d Up“

Најдобар рок албум – Грета Ван Флит „From The Fires“

Најдобра рок песна – Џек Антоноф и Ани Кларк „Masseduction“.