сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 69
home ТВ и Филм

„Заспаната убавица“-работи кои сигурно не сте ги знаеле за анимираната бајка

„Заспаната убавица“-работи кои сигурно не сте ги знаеле за анимираната бајка

Долгометражната анимирана бајка на Дизни, „Заспаната убавица“, е адаптација на истоименото дело на францускиот книжевник Шарл Перо. Тој е автор и на комерцијалните верзии на „Пепелашка“, „Црвенкапа“, „Мачорот во чизми“ и многу други бајки.

„Заспаната убавица“ првпат е прикажана во кината во јануари 1959-та година, а филмот добил измешани критики, но не и доволна заработка, па по него, Дизни не снимиле бајка сè до „Малата сирена“ во 1989 година.

Ова се неколку малку познати факти за овој филм:

1. Биле потребни 8 години за да се сними, бидејќи самиот проект бил доста скап и била потребна доста сложена технологија. Дури и самиот Волт Дизни неколкупати се дистанцирал од филмот, земајќи паузи.

2. Замокот на Заспаната убавица постоел во Дизниленд уште пред филмот да биде прикажан. Таму можеле да се видат извадоци кои никогаш не влегле во крајната верзија на цртаниот филм.

3. Музиката е инспирирана од истоименото дело и балет на Петар Илич Чајковски.

4. Ликови од „Заспаната убавица“ се појавуваат подоцна и во други филмови на Дизни, а шаблоните и скиците се користеле за снимање на подоцнежните проекти.

5. Цртаниот филм е речиси ист како и бајката на Шарл Перо, освен тоа што во делото има седум, а во филмот три самовили.

6. Филмот е реобјавуван четири пати. Првиот пат не го остварил саканиот приход и профит, но затоа со прикажувањата во 1970, 1979, 1986 и 1995 станал еден од најпрофитабилните проекти на Дизни.

Коронавирус