недела, 9. мај 2021. Вести денес: 44
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home ТВ и Филм

Зад себе остави мноштво добри дела: Во тешка сообраќајна несреќа загина организаторката на ТВ серијалот „Куќа од срце“ (ФОТО)

Зад себе остави мноштво добри дела: Во тешка сообраќајна несреќа загина организаторката на ТВ серијалот „Куќа од срце“ (ФОТО)
Foto: Tanjug/Marjan Vucetic

Организаторката на шоуто „Куќа од срце“, Јасмина М. (47) вчера, петок 16 април 2021 година, загина во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Лаѓевци кај Краљево, на Ибарската магистрала, пишуваат српските медиуми.

Организаторката, која заедно со возачот беше тешко повредена во сообраќајна несреќа почина и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот, додека возачот се’ уште е во животна опасност, потврдија за српските медиуми во Општата болница „Студеница“ во Краљево.

Двајцата биле во камиочето кое се судрило со шлепер на главниот пат Краљево – Прељина, обидувајќи се да се приклучат на главниот пат од спореден.

Јасмина зад себе остави мнштво добри дела, семејства на кои несебично им помагаше, на кои со помош на тимот им даде покрив над главата и им обезбеди подобра иднина. Семејствата со насмеани лица ги поздравуваа нејзините хумани гестови, а сега жалат за личноста која, според поранешниот сопруг на Јасмина, го оставила срцето и секој слободен момент на теренот, за оние на кои им е најпотребно.

Коронавирус