четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home ТВ и Филм

Забавна, но многу емотивна шпионска приказна: Овој филм мора да се погледне (ВИДЕО)

Забавна, но многу емотивна шпионска приказна: Овој филм мора да се погледне (ВИДЕО)

Пристигна првиот трејлер за акционата комедија „My Spy” во која ќе имаме прилика да го видиме Дејв Баутистa во едно поемотивно и похумористично издание, за разлика од неговите досегашни филмови.

Филмот е во режија на Питер Сегал, познат по остварувањата „Naked Gun”, „Get Smart” и „Grudge Match”, додека за сценариото се заслужни браќата Ерич и Џон Хоебер.

Баутиста во филмот се појавува во улога на цврстиот оперативец на ЦИА кој ќе мора да го учи девојчето Софи, во улога на Клои Колман, како да стане шпион.

-Оперативецот на ЦИА е осуден на милост и немилост од 9-годишно девојче кое е испратено на тајна задача да го шпионира своето семејство, се наведува во синопсисот.

Покрај нив двајца, улогите во “My Spy” ги толкуваат и Кристен Шал, Кен Јеонг, Париса Фиџ-Хенли, Никола Кореиа-Дамуде, Лаура Цилевиц и многу други.

Премиерата на филмот во Америка е закажана за ова лето.

Коронавирус