понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 142
home ТВ и Филм

За македонските водителки вака стартуваше Новата година

За македонските водителки вака стартуваше Новата година

Велат како ќе ти започне Новата, таква ќе ти биде целата година, поточно што ќе правиш на 2ри јануари тоа ќе го правиш во текот на следната година.

За македонските јавните личности, 2020 стартуваше на различен начин. За некои на рехабилитација, некои на работа, некои на разубавување…

Елена Стефановска

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска заедно со својот сакан 2020 година ја дочека во Маврово. Таа го искористи слободното време и празничната еуфорија да ужива во зимската и празнича идила, а на своите следбеници им се пофали како ужива.

Стефановска на социјалните мрежи објави фотографија, а во описот на истата напиша: Рехабилитација.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Ирена Спировска

Македонската водителка Ирена Спировска не чека некој повод за да замине на планинарење и да ужива во природните убавини на Македонија.

За почетокот на 2020 година, Ирена заедно со својот партнер се релаксираа во снежните убавини на „Попова шапка“

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ИРЕНАСПИРОВСКА

Елена Стојановска

Водителката на Сител, Елена Стојановска 2020 ја започна работно пред ТВ екраните.Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија, а во описот на истата напиша:

„Што ќе правиш на 2ти тоа ќе правиш цела година, јас на емисија“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Лила Филиповска

Лила за убав почеток на 2020 година посети еден салон за убавина, па на социјалните мрежи напиша: што ќе правиш денес, ќе правиш цела година.

Но, на Филиповска не и треба посебен датум за да оди во студио за убавина, таа често е нивен поситетел и посветува време на себе.

извор: vistina.com.mk

Коронавирус