понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

За една недела почнува ТВ серијата „Зоки Поки“

За една недела почнува ТВ серијата „Зоки Поки“

Првата епизода од долгоочекуваната телевизиска серија „Зоки Поки“ почнува наредниот понеделник, 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. Како што соопшти денеска продукцијата „Кино Око“, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела.

Од продукцијата информираат дека улогите ќе ги толкуваат Матеј Зимбаков – Гоки, Матеј Настевски – Зоки Поки, Анастасија Аневска – Лидија и Матео Матоски – Боки. Покрај детската екипа, во серијата ќе играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

-Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее. Во кратко видео со прашања и одговори, Матеј зборува за предметите во школо кои ги сака најмногу и најмалку, открива кој спорт му е омилен, за кого навива, која видео игра е најдобра за него, дали бира ванила или чоколадо, која книга и лик од книга му оставиле најмногу впечаток, дали има симпатија и други забавни детали, се наведува во соопштението на „Кино Око“.

По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Коронавирус