вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 138
home ТВ и Филм

Возбудливи епизоди: Сара откри детали за продолжението на „Сексот и градот“

Возбудливи епизоди: Сара откри детали за продолжението на „Сексот и градот“

Иако деталите за сценариото на новата сезона „Сексот и градот“ се уште се непознати, главната актерка Сара Џесика Паркер потврди дека новите епизоди ќе ја прикажуваат пандемијата со коронавирусот, пишува „Variety“.

Паркер минатата недела во интервју за „Vanity Fair“ истакнала дека со нетрпение чека да ги види комплетните сценарија за новите десет епизоди од серијата.

-Сценариото е разнолико, епизодите ќе бидат многу возбудливи. Сценаристите не размислуваа за тоа дали во приказната ќе ја вметнат појавата на коронавирусот, дејството на серијата се одвива во Њујорк, каде пандемијата многу се почувствува, рекла актерката.

Во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Секоја од нив ќе заработи по нешто повеќе од милион долари за епизода, што значи дека за комплетната нова сезона ќе заработат над десет милиони долари.

ЕУРО 2020

Македонија