петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home ТВ и Филм

„Во темница одам на работа“: Милена Антовска покажа каков е животот кога си водител на утринска (фото)

„Во темница одам на работа“: Милена Антовска покажа каков е животот кога си водител на утринска (фото)

Велеат „облечи ги туѓите чевли, па види како е“, народна изрека која треба почесто да ни се врти низ глава кога ќе помислиме да дадеме коментар на нешто кое ни приближно не сме го искусиле, доживеале…

Сигурно сте се запрашале како ли ТВ водителите на утринска програма успеваат да бидат така свежи и концентрирани толку рано пред камера?

Тоа подразбира еден комплетно различен биоритам од оној на повеќето, начин на функционирање на кој навикнале, но не им е лесно. Водителката Билјана Дебарлиева во една прилика кажа дека внимава дури и како ја става главата на перница пред спиење, за наутро фризурата да и биде како што треба.

Затоа, лесно е да се каже дека им е убаво што имаат таква професија, познати се, а плус бидејќи е утринска програма рано си завршуваат со обврските на работа.

Милена Антовска реши пред сите да покаже како изгледа тоа и дека нималку не е како што многумина знаат да и кажат. Таа се снимаше возејќи го автомобилот во 5 часот наутро, одејќи во темница на работа.

-Поздрав до сите што секогаш ми викале на мене и на моите колеги од утринска , топ си завршувате рано, станиувате во 5-6. Да, еве во темница одам на работа, кажа Милена и се надоврза дека секогаш си наоѓа нешто за да и биде полесно како што тоа беше во случајот песната „Кога те нема“ која свиреше на радиото.

-Па среќа ќе ти се погоди некоја песна рано наутро, па некако полесно ќе ти биде, се докажа и си запеа.

Коронавирус