вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 120
home ТВ и Филм

Вил Смит заслужува трета номинација за „Оскар“, според првите критики

Вил Смит заслужува трета номинација за „Оскар“, според првите критики

За улогата во новиот филм „Кралот Ричард“ (King Richard), инаку биографска приказна за строгиот татко на американските тенисерки Венус и Серена Вилијамс, глумецот Вил Смит ги собра сите пофалби.

Многумина сега на актерот му предвидуваат и трета номинација за „Оскар“ за главна улога. Тој беше номиниран за највредното филмско одличје и во 2002 година, за улогата на Мухамед Али во филмот „Али“ и во 2007. за „Потрага по среќата“.

По прикажувањето на три меѓународни фестивали, филмот „Кралот Ричард“ има оценка 6,4 / 10, на ИМДБ. Кинопремиерите ширум светот се закажани за 18. и 19 ноември.

Коронавирус