четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Отпуштена новинарка, намерно се мачкала со кал за да претстави дека помага во расчистувањето по поплавите во Германија

ВИДЕО: Отпуштена новинарка, намерно се мачкала со кал за да претстави дека помага во расчистувањето по поплавите во Германија

Новинарка од германската телевизија РТЛ доби отказ откако непрофесионално и несовесно известуваше за подрачје погодено од поплавите што ја зафатија западна Германија.

„Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“ – е насловот на телевизискиот прилог на репортерката Сузана Олен.

Но, наскоро се појави видео и од случаен очевидец, каде што се гледа како новинарката намерно се мачка со кал по лицето и облеката. Поплавите однесоа 128 животи во Германија.

-Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме посочената новинарка веднаш штом дознавме што сторила, се вели во соопштението на телевизијата.

Новинарката е отпуштена. РТЛ се извини за потезите на својата доскорешна вработена.

Коронавирус