вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 85
Breaking news:

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија

home ТВ и Филм

ВИДЕО: Најуспешните лоши холивудски филмови кои заработиле милијарда долари

ВИДЕО: Најуспешните лоши холивудски филмови кои заработиле милијарда долари

Досега само 33 филмови во Холивуд успеале да надминат заработка од милијарда долари.

Прв е „Аватар“ кој заработи 2,7 милијарди долари, на второ место е „Титаник“ со 2,1 милијарди, а на трето е „Војна на ѕвездите: Будењето на силата“ со две милијарди.

Иако овие четири филмови од листата милијардери ја привлекоа публиката во кино салите, критичарите ги дочекаа на нож.

Трансформери: Темната страна на Месечината (2011)

Заработка: 1.123.794.079 долари

Третиот филм од фрашизата „Трансформери“ е првиот кој заработи повеќе од милијарда долари. Публиката очигледно го сака спектакуларниот Мајкл Беј, но критичарите не беа воодушевени.

На сајтот Rotten Tomatoes филмот има мизерни 35 отсто.

-Овој филм од светот направи полошо место за живот. Сигурен сум дека Беј верува оти тоа е негово ремек дело. Во право е. Бог да чува, е само една од критиките.

Британски Гардијан пишува дека дефинитивно постојат делов од тој филм кои… па и не се толку глупави, додека критичар од Њујорк пост истакна дека чудесно го преживеал гледањето на филмот со страшна главоболка и мачнини.

Трансформери: Година на истребување (2014)

Заработка: 1.104.054.072 долари

Четвриот дел од „Трансформери“ повторно беше хит во кино салите, но на критичарите веќе не им беше неудобно да пишуваат брутални текстови.

Филмот заработи номинација за најлош филм, најлоша режија и најлош спореден глумец на Златната малина.

-Филмовите воглавно се обидуваат да ја задржат приказната до крај, но овој се распаѓа. Ако е тоа е намерата на Беј, филмовите навистина дојдоа до година на истребување, напиша Тајм.

Бостон глоуб имаше слични замерки: „Морате да му признаете една работа на Беј, има неверојатна способност да го спушти талентот од А листата на своето ниво.“

Сепак, можеби најбрутален беше Ју-Ес викли.

-Оваа млака изведба всушност е подобрување во однос на смешното трето продолжение „Темната страна на Месечината“. Но, тоа е акко да кажеш дека грипот е подобар од пневмонија. Во секој случај, потребно е нешто силно против болки, пишува во критиката.

„Војна на ѕвездите: Епизода 1 – фантомска закана (1999)

Заработка: 1.027.044.677 долари

По цели 15 години чекање, фановите на „Војна на ѕвездите“ ги окупираа кино салите за да го гледаат „Фантомска закана“, но не беа воодушевени. Во устата им остана горки вкус, баш како и кај критичарите.

-Бездушен филм, без страст, чие единствено дејство било замаглување на среќните спомени на трите оригинали, напиша критичарот на Гардијан.

Бокс офис магазин напиша дека „Фантомска закана“ „во најдобр и најлош филм е просечен филм, досадна авантура уништена со анемична политичка театраланост и застарени уметнички вкус на авторот“.

Алиса во Земјата на чудата (2010)

Заработка: 1.025.467.110 долари

Филмот на Тим Бартон публиката долго го чекаше. И додека многу веруваа дека тоа ќе биде уште една успешна соработка меѓу познатиот режисер и Џони Деп, излезе дека и не е баш така. Заработија многу, а критичарите беа изгубени, исто како и Алиса.

-Можеби е време Бартон и Деп да размислат за тоа да почнат да ги гледаат другите луѓе, напиша Њујорк обсервер, а АП заклучи дека постојат некои добри работи во филмот, но оти се работи за „речиси Алиса“.

-Неодлучност го следи секој кадар. Резултатот е грозоморен спектакл, кој до крајот ја исцрпува својата инспирација. Дом за напуштени идеи, напиша Минеаполис стар трибјут.