четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home ТВ и Филм

Вера Мештеровиќ вплови во телевизиските води: Македонската мисица, модел и манекенка стана ТВ водителка (ФОТО)

Вера Мештеровиќ вплови во телевизиските води: Македонската мисица, модел и манекенка стана ТВ водителка (ФОТО)

Вера Мештеровиќ, некогашната играорка, мисица, манекенка и топ модел деновиве впловии во водителските води.

Девојката која  таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија.

Подоцна ќе продолжи да се занимава со манекенската професија, а јавноста одново ќе ја заинтригира со мажачката за некогашниот македонски  интернационалец, фудбалерот Игор Кралевски, кому тоа му беше втор брак.

Во меѓувреме Вера ќе работи како бренд амбасадор на една македонска модна куќа и како инфлуенсер и заштитно лице кое рекламира нокти и препарати за нега на кожа и лице. Но, љубовта на екс фудбалерот сега фудбалски тренер и екс манекенката и мисица, од пред некое време и ТВ водителка најпрвин ќе „влезе во офсајд“, па брачната криза ќе го направи своето и покрај 10 -те години брачен живот и двете деца –  синот Андреј и ќерката Јована, а нивната идила во 20218-тата ќе заврши со развод.

Секој на своја страна, а децата со мајката која оттогаш одново почна да биде медиумски поактивна и поекспонирана појавувајќи се во музички видеоспотови (српска група Галија, Дарио Панковски, Владо Јаневски…) или уметночко – рекламни и еротски арт видеоедиторијали (Дарио Јанковиќ).

Токму во периодот недолго после разводот од екс фудбалерот, естрадните кулоари, чаршијата, а и некои од македонските портали Вера Мештеровиќ ја поврзуваа токму со пејачот Владо Јановски, во чие видео за песната „Откако сио негова“ таа ја има главната улога.

Наводната љубовна романса на пејачот и моделот, никогаш јавно не беше обелоденет, ниту пак потврдена од било кој од нив давајцата, но заедничките фотографии, сомнежите и шпекулациите, сепак остана…

Деновиве поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ стана ТВ водителка. На социјалните мрежи сподели пост со фотографија дека започнува со сосема нов ангажман.

Гледачите веќе имаат можност да ја гледаат убавата Вера секој ден на Утринската програма на ТВ Канал 5 – „Здраво Македонијо“.

„Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кои ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден, секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50 часот“ – напишала Мештеровиќ.

Дали „преквалификацијата“ во новата професија ќе и донесе успех, па Вера во иднина се’ повеќе ќе ја гледаме како препознатливо ТВ лице кое ќе им го „украде шоуто“ на своите колешки или тоа ќе биде само уште еден нејзин излет во за неа, досега „непознати води“, останува времето да потврди.

Како и да е, физичките предиспозиции оддамна потврдила дека ги има, а за интелектуалните речитоста и снаодливоста пред камери, допрва треба да се потврди, да покаже и докаже, дека убавината и умот… сепак одат заедно!

Коронавирус