среда, 3. март 2021. Вести денес: 157
home ТВ и Филм

Васил Зафирчев откри уште колку епизоди ќе гледате од петтата сезона на „Преспав“ (фото)

Васил Зафирчев откри уште колку епизоди ќе гледате од петтата сезона на „Преспав“ (фото)

Петтата сеозна на македонскиот ситком „Преспав“ започна да се емитува на 18 декември, крајот од минатата 2020 година.

Оттогаш погледнавме 17 незаборавни и урнебесни епизоди од незгодите во пансионот „Преспав“, а имавме прилика и да видиме нови улоги и актери, како што е стилистката Натали или актерката Наташа Петровиќ, но се врати и актерот Владо Јовановски.

Неделава пак, во телевизиското шоу „Магазин“ на телевизија Сител, гостуваше актерот Васил Зафирчев за кого водителката разбирливо не ги изостави прашањата за „Преспав“.

Меѓудругото, тој откри дека гледачите се на средината од петтата сезона, односно дека ќе имаат можност да погледнат уште толку епизоди колку досега.

Големиот број љубители на оваа мега успешна македонска серија веројатно ќе бидат радосни за ваквата информација од неповторливиот Марио.

Коронавирус