понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 81
home ТВ и Филм

„Устав на Република Хрватска“ „Пред дождот“ и „Погледот на Одисеј“ на „Киненова“

„Устав на Република Хрватска“ „Пред дождот“ и „Погледот на Одисеј“ на „Киненова“

Во  рамки на програмата за Европско културно наследство на фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ ќе бидат прикажани филмовите: „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, „Погледот на Одисеј“ на Тео Ангелопулос.

– Целта на оваа програма е преку проекции на овие филмови да поттикнеме дебата во однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отворааат, а се однесуваат на проблемите што се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества, посочи Небојша Јовановиќ, селекторот на програмата.

Тој наведе дека трите филмови, што се избрани да бидат во програмата, прикажуваат силни, длабоки, внатрешни, меѓучовечки конфликти на основа на социјална или општествена поделеност, етничка или сексуална определба, но во исто време поттикнуваат и нудат дијалог како решение.

– Во годината на европското културно наследство, сметам дека не можевме, а да не се присетиме на овие остварувања кои не само што зрачат ретко видена уметничка сензибилност, туку оставаат траен белег во поттикнување и унапредувањето на интракултурниот и меѓукултурниот дијалог како начин за надминување на внатре-општествените, социолошките и меѓунационалните конфликти, нагласи Јовановиќ.

Тој истакна дека Устав на Република Хрватска“, „Пред дождот“ и „Погледот на Одисеј“ отвориле сериозни прашања кои реферираат на општествата каде дејствуваат авторитетите, но низ призма на универзалните човекови вредности.

– Така овие филмови одбележаа една етапа од развојот на балканските општества и силно и храбро, преку моќта на универзалниот филмски јазик отворија актуелни болни теми кои ги инхибрираа локалните општества каде припаѓаат или од каде потекнуваат авторите, но се дел и од поширокиот регионален контекст, заклучи Јовановиќ. 

МИА