понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 128
home ТВ и Филм

Тајните на „Пријатели“ – Вашата омилена серија кои досега не сте ги знаеле

Тајните на „Пријатели“ – Вашата омилена серија кои досега не сте ги знаеле

Како настанала и што се случувале за време на снимањето на култната серија „Пријатели“?

– Според оригиналното сценарио, Моника и Џои требало да бидат во врска.

– Во просек, една епизода се снимала 5 часа.

– Големото бело куче направено од керамика, кое им припаѓа на Џои и Чендлер во серијата, и било подарено на актерката Џенифер Анистон како подарок од пријател за среќа кога започнала да ја снима серијата.

– Серијата првично требало да се вика Insomnia Cafe. Потоа била преименувана во Friends like us и потоа Six of ONE, за да се преименува во Friends.

– Во првата сезона, секој од главните 6 актери добиl 22.000 долари по епизода. Во 1997 година, тие се здружиле и побарале зголемување на платата на 100.000 американски долари. Во текот на последната сезона, секој од нив добивал по 1.000.000 долари по епизода.

– Иако ја игра неговата помала сестра, Кортни Кокс е постара од Дејвид Швимер. Во првата епизода, Моника не може да се сети на името на момчето со кое спиела. Продуцентите се плашеле дека публиката нема да ја сака поради ова, па им поделиле прашалници на гледачите во студиото во кои биле прашани дали треба да се смени сценариото. Публиката не сметала дека е потребно.

– Рос и Рејчел не требало да имаат централна романса во серијата. Приказната меѓу овие два лика се развила поради хемијата што ја имаат Дејвид Швимер и Џенифер Анистон.

– Хенк Азарија, кој му дава глас на шанкерот Мо во серијата „Симпсонови“, поминал низ две рунди аудиции за ликот на Џои. Ханк Азарија подоцна ја добил улогата на Дејвид, физичар во кој Фиби се вљубува, но кој заминува за Минск.

– Брус Вилис се појавил во серијата затоа што изгуби облог од Метју Пери. Брус Вилис не верувал дека нивниот заеднички филм „Цели девет јарди“ (The Whole Nine Yards) ќе биде број еден во кината за време на првиот викенд на емитување. Парите што ги добил од серијата биле донирани во добротворни цели.

– Фиби и Чендлер, според првичната идеја, биле само споредни ликови.

– Пред да се емитува првата епизода, актерската екипа била однесена на вечера во Цезар Палас во Лас Вегас за да ужива во последните моменти на анонимност. Епизода подоцна била снимена во истиот хотел кога пијаните Рејчел и Рос се венчаа.

– Телевизијата Ен-Би-Си го сметаше името на кафулето „Централ Перк“, каде што пријателите се собираат премногу во тренд, и тие сакале наместо во кафуле сцената да се одвива во ресторан, како што се случи во серијата Зајнфелд.

– Продуцентите првично сакале Кортни Кокс да ја игра Рејчел, но таа ги прашала за улогата на Моника.

– Во подрумот на студиото Ворнер Брос бил пронајден портокалов кауч во кафуле и бил поставен како дел од сетот.

– Единствените членови на актерската екипа кои не се бакнале биле Моника и Фиби.

– Џои првично не бил замислен како глупав, но Мет Лебланк го предложил тоа.

– Дејвид Швимер режирал 10 епизоди на Пријатели.

– Кога Рејчел бара свештеник за венчавката на Моника и Чендлер, наоѓа еден свештеник на грчката православна црква како излегува од венчавката на Анастасакис / Папасифакис. Анастасакис е презимето на Џенифер Анистон.

– Кога Лиза Кудроу го прочитала сценариото за прв пат, помислила дека ликот на Чендлер е хомосексуалец.

– Две години пред да започне да се прикажува „Пријатели“, Лиза Кудру имала мала споредна улога во серијата Луд за тебе (Mad about you), во која ја толкува Урсула Буфе. Одлучиле да ја направат Фиби, нејзината близначка, за да можат да ја вркстат серијата.

– Гинтер немала име до средината на 2-та сезона. Џејмс Мајкл Тајлер ја добил улогата на Гантер затоа што тој бил единствениот кој знаел да ракува со машина за еспресо. Првата реченица на Гунтер се случила во 33 епизода и тоа било „Да“.

– Елен Деџенерис ја одбила улогата на Фиби.

– Кога завршила последната епизода, Џенифер Анистон и нејзиниот тогашен сопруг Бред Пит организирале забава за време на која служеле вино што продуцентот Кевин Брајт го чувал уште од првата сезона.

– Кога завршила последната серија, на секој член на тимот му бил даден дел од тротоарот пред кафулето.

Коронавирус