недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 66
home ТВ и Филм

Таа е секс-симбол во анимираниот свет: Фановите се поделија по овие нови информации 

Таа е секс-симбол во анимираниот свет: Фановите се поделија по овие нови информации 

Љубителите на „Дизни“ ја знаат Џесика Рабит како еден од најпознатите секс-симболи во анимираниот свет. Тоа ја прави саканата (и „бујна“) „фатална жена“ од играно-цртаниот филм „Кој го намести Роџер Рабит?“ – своевидна аномалија во инаку „претежно семејниот свет“ на „Дизни“.

Легендарниот женски лик со гласот на Ејми Ирвинг, Кејтлин Тарнер и други глумици, сепак, се менува… Но, не во филмот во режија на Роберт Земекис од 1988., туку засега само во возниот парк „Роџер Рабит“ на „Дизниленд“ во Анахајм, Калифорнија, САД, посветен на оваа филмска класика. Таму, таа ќе биде „помоќна и многу помалку оскудно облечена“, соопштуваат од „Дизни“.

Обожавателите се со измешани емоции околу тоа – некои ракоплескаат, додека некои и се потсмеваат со овој потег.

Сѐ ова е, според сѐ, во рамки на трендот и стремежот на „Дизниленд“ на своите „спорни“ женски ликови од минатото да им даде помалку стереотипни и политички покоректни својства и одлики. (МИА)

Локални избори 2021