понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 66
home ТВ и Филм

„Старателство“ добитник на Цезар за најдобар филм

„Старателство“ добитник на Цезар за најдобар филм

„Старателство“ („Jusqu’à la garde“) на Ксавиер Легран ја доби наградата Цезар за најдобар филм на синоќешната 44-та церемонија на доделување на француските филмски награди, што се одржа во салата „Плејел“ во Париз.

Како што јави описникот на МИА, покрај наградата за најдобар филм, „Старателство“ доби уште три Цезари – за сценарио, за монтажа и за најдобра главна женска улога, што и припадна на актерката Леа Друкер.

Филмот говори за семејното насилство преку приказната на една брачна двојка, која се разведува и се распарава околу старателството над нивното мало дете. Филмот е шродолжение на краткометражниот филм „Пред сé да изгубиме“, кој со истите актери беше награден со Цезар во 2014 година.

Па при примањето на Цезарот, Легран нагласи дека „е време да се мисли на жртвите секој ден, а не само на 25 ноември“, кога се одбележува Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените.

Цезарот за најдобра режија ја доби 66-годишниот Жак Одиар за филмот „Браќата Систерс“. Филмот доби Цезари и за звук, фотографија и сцемографија.

Наградата за најдобра машка улога му беше доделана на Алекс Лутц за ролјата во филмот „Ги“.

Цезар за животно дело му беше доделен на легендата на американскиот филм Роберт Редфорд, а наградата на публиката, чиј лауреат се определува според најголемиот број на гледачи во кино салите, ја доби францускиот филм „Семејството Штит“ на Дани Бун.

Филмот „Големата бања“, кој беше номиниран во десет катагориим доми само еден Цезар и тоа за најдобар актер во споредна улога за Филип Катрин.

За најдобра актерка во споредна улога Цезар доби Карин Виард за „Скокоткање“, а истиот филм беше награден и за најдобро адаптирано сценарио за Андреа Бескон и Ерик Метаје.

За најдобар дебитатнстки филм Цезарот замина во рацете на Жан-Бернард Марлин за филмот „Шехерезада“. Станува збор за љубовна приказна меѓу еден криминалец и млада проститутка од Марсеј. Актерите од филмот Дилан Роберт и Кенца Фортас беа нагредани со Цезари за најдобар надежен актер и најдобра надежна актерка.

Цезарот за најдобар документарен филм му припадна на „Ниту судија, ниту подведен“ на Жан Либон и Ив Хинант, а за најдобар странски филм на Јапонецот Хирокаку Коре-Еда за „Семејна работа“

За најдобар анимиран филм беше прогласен „Дилили во Париз“ од Мишел Оцело, за Најдобар анимиран кратокметражен филм „Лошо девојче“ на Ајче Картал, а за најдобар кратокметражен филм „Малите раце“ на Реми Алиер.(МИА)

Коронавирус