петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Сталоне нема да го игра Роки Балбоа во „Крид III“

Сталоне нема да го игра Роки Балбоа во „Крид III“

Силвестер Сталоне нема да се појави во претстојниот филм „Крид III“. Портпарол на актерот за Холивуд репортер потврди дека нема да учествува во боксерската продукција МГМ, но не беше понудено дополнително објаснување.

Да потсетиме, Сталоне го играше Роки Балбоа во претходните два филма од серијата „Крид“, каде што беше ментор на ликот на Мајкл Б. Џордан, Адонис „Дони“ Крид. Улогата на Сталоне во првиот дел од филмот „Крид“ му донесе номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.

По филмот „Крид I“, дојде „Крид II“, а и двете продолженија беа успешни на боксофисот и имаа добри критики.

Филмот „Крид III“, во режија на Мајкл Б. Џордан, треба да излезе на 23 ноември 2022 година.

Коронавирус