петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

„Соблечете се голи и одете по улица“: Македонецот испадна од музичкото шоу, а Карлеуша му упати жестоки зборови

„Соблечете се голи и одете по улица“: Македонецот испадна од музичкото шоу, а Карлеуша му упати жестоки зборови

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Филип Василевски од Скопје кој беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Тој се претстави со песните „Доџи“ од Парни Ваљак и „Нисам љубоморан“ од Владо Георгиев.

ФОТО: ПРИНТСКРИН.ЈУТУБ

Филип го напушти музичкото шоу, но Јелена Карлеуша му упати жестоки зборови на Македонецот.

„Ти момче одлично пееш, заслужуваш да одиш понатаму, но не заслужуваш. Самиот на себе си најголем непријател, сам се упропасти, ти се тресат рацете. Тогаш оди во банка, ударај печати. Се уплаши ли? Мораш самиот себе да се победиш. Соблечете се голи, трчајте низ улица да ја победите тремата. Заслужи да одиш понатаму, но самиот си виновен“  изјави Карлеуша, а Марија надополни:

ФОТО: ПРИНТСКРИН.ЈУТУБ

„Знаев дека ова ќе се случи. Филип од Македонија доаѓаше во Белград, а цело време беше збунет. Ти треба многу пеење и животно искуство. Драго ми е што те запознав, биди добро момче каков што си“.

Неговиот настап може да го погледнете во видеото на 16:10.