петок, 20. април 2018. Вести денес: 160
home ТВ и Филм

Следбениците на Инстаграм изненадени од презентерката без шминка: „Друга личност, не е истата од ТВ“ (ФОТО)

Следбениците на Инстаграм изненадени од презентерката без шминка: „Друга личност, не е истата од ТВ“ (ФОТО)

Сигурно досега ви се случило да сретнете некоја позната личност непосредно и да се изненадите од тоа како изгледа во живо, а како на телевизија.

Сепак, камерите и шминката ја имаат токму таа задача да произведат една поинаква слика, професионална и поразлична од секојдневната.

Тука се и социјалните мрежи каде речиси секоја позната личност објавува фотографии од приватноста, па за некои е изненадување кога ќе ги видат во едно поинакво светло од она кога се пред камерите.

ТВ презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите наши познати телевизиски личности, која е активен корисник на социјалните мрежи, а во своите понови објави таа сподели фотографии на која го покажа своето убаво лице без грам шминка.

Ова не е првпат таа се покаже во природно издание, но фотографијата која ја направи на скопскиот кеј за време на празниците, изненади некои од нејзините следбеници, па за фотографијата се најде коментар дека е како друга личност, поинаква од онаа на ТВ екраните.

Сепак, мора да признеме, со шминка или без истата, Татјана е вистинска дама за пример чија природна убавина доминира.

vistina.com.mk