вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home ТВ и Филм

Сите 26 филмови за Џејмс Бонд рушеа рекорди на светскиот боксофис

Сите 26 филмови за Џејмс Бонд рушеа рекорди на светскиот боксофис

На 5 октомври 1962 година, „Еон продукција“ го објави проектот наречен „Др. Но“ – шпионски филм кој го прикажа првиот Џејмс Бонд на екранот.

Со Шон Конери како британски таен агент, заработката во кино благајните достигна бруто 59,6 милиони американски долари во светски рамки и 16,1 милиони американски долари на домашно ниво – неверојатни 215,1 милиони долари со пресметана инфлација.

И така се роди серијалот 007. И успехот на тој оригинален филм продолжи и до 2020 година, а минатиот викенд требаше да биде премиерата на 27. продолжение на франшизата, новиот филм со наслов No Time to Die („Нема време за умирање“).

Но, сите знаеме што се случи: пандемијата на коронавирус резултираше со одложување на неодередено време на најновиот Бонд филм, петтиот и последен во кој Даниел Крејг го игра тајниот агент. И сè додека филмот не почне да се пркажува, не може да се предвиди дали ќе ја достгне магичната заработка и успех на останатите филмови 007.

Според „Форбс“, франшизата може да се нарече мега-успех. Во светски рамки, Џејмс Бонд филмовите заработија над 7 милијарди долари. Во САД, вкупната заработка изнесува 2,137 милијарди американски долари – односно речиси 5,931 милијарди американски долари со пресметана инфлација. Серијалот 007 е трета франшиза со најголема заработка на сите времиња зад „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“.