четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home ТВ и Филм

Сигурно го знаете Мо од Симпсонови: Се појави теорија дека ликот на мрзоволниот бармен крие тајна

Сигурно го знаете Мо од Симпсонови: Се појави теорија дека ликот на мрзоволниот бармен крие тајна

На почетокот на оваа година на Интернет се појави уште една во низата на теории на заговор во врска со мегапопуларните „Симпсонови“ според која мрзоволниот Мо Сизлак всушност знае дека Барт Симпсон е личност која го малтретира него и неговиот бар со хумористични повици.

Еден корисник на „Reddit“ ја покренал оваа теорија, тврдејќи дека Мо е семеен пријател на Симпсонови, многу е осамен и само сака да го усреќи помладиот Барт, па се прави дека не сфаќа кој се шегува со него.

Доказ за ова му е фактот дека Барт константно го користи истиот глас и истиот вид на шеги, а Мо секогаш реагира на начин за шегата да успее. Како пример ја наведува епизодата од првата сезона на Симпсонови, кога Барт ѕвони во барот и бара личност под името Ал Кохолик. Мо тогаш вели: „Еј, тука ли е Ал Кохолик?“, иако можел да употреби и „господин Кохолик“ или само Ал.

Од „Huffington Post“ одлучиле да ја проверат оваа теорија кај Ханк Азари, актерот кој го позајмува гласот на Мо и уште неколку ликови во популарната серија.

Актерот останал затечен од прашањето, па и самиот превртел некои сцени во главата, но на крајот сепак дошол до заклучок.

„Мислам дека Мо едноставно е таков каков што е прикажан, мрзоволен и без многу трпение за деца. Би рекол дека баш и не е најпаметен лик и дека Барт навистина секој пат успева да го измами. Барем јас така замислувам додека го глумам“, рекол Азари.