вторник, 2. март 2021. Вести денес: 29
home ТВ и Филм

Што мисли Тони Михајловски за Левица?

Што мисли Тони Михајловски за Левица?

Тони Михајловски оваа недела му гостува на Жаре во „Еден на Еден“. Како и обично, кога тие двајца ќе се сретнат може да се очекува одличен, опуштен разговор со многу хумор. Но, и сериозните теми не изостанаа. Запрашан што мисли за Левица, Тони одговори на начин што кажува многу за тоа какво мислење има за партијата и за нејзиниот лидер Димитар Апасиев.

Жаре го интересираше и како изгледа неговиот ангажман во ВМРО ДПМНЕ, па Тони зборуваше за своето учество во 2 партиски тела, за теренската работа, за тоа кој му е најубавиот дел од работата и каде мисли дека има најголем придонес тој, како уметник и политичар.

„Јас сакам да учествувам во делот на културата, таму да ги поправам грешките. И тоа, не само заради мојата партија, туку и понатаму сите да функционираат по тој принцип, кој би бил европски, нормален, човечки…“

Не ја пропуштајте оваа епизода на Еден на еден, полна со вицови, смеење и сериозни теми. Ќе можете да ја погледнете во недела на Канал 5, во 18:30 часот.

Коронавирус