вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 62
home ТВ и Филм

Шок за љубителите на „Војна на ѕвездите“

Шок за љубителите на „Војна на ѕвездите“

Продуцентот на првите два филма од серијалот „Војна на ѕвездите“, Гери Курц починал во Лондон на 78 години, објави неговото семејство.

-Целото семејство од „Војна на ѕвездите“ е погодено од неговата смрт, се вели во соопштението на режисерот Џорџ Лукас.

Првиот нивен заедниот успех бил со „Американски графити“ во 1973 година. Следуваше „Војна на ѕвездите“, па продолжението „Империјата го возвраќа ударот“ во 1980 година.

-Изгубив пријател, беше чест да се работи со него, напиша на Твитер актерот Марк Хамил.