вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home ТВ и Филм

Сергеј Варошлија се дрзна да ја коментира својата поранешна девојка Надица Георгиева (видео)

Сергеј Варошлија се дрзна да ја коментира својата поранешна девојка Надица Георгиева (видео)

Надица Георгиева, една од најуспешните македонски манекенки и сопственичка на модната агенција „Моделс Ин“ , се најде во емисијата „Мода“ на своето долгогодишно поранешно момче, модниот критичар Сергеј Варошлија.

Тоа што Георгиева беше во неговата селекција за коментар навистина изненади, а на „тапет“ беа нејзините нејзините најнови фотографии од фотосесијата за колекцијата на македонскиот моден дизајнер Игор Марков.

Сергеј имаше само пофални зборови за Надица и убаво се расплени досега го опишуваше нејзиниот изглед и појава.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ/МОДА/1ТВ

„Уауу! Познат лик во „чак“ поза! Ако некој знае да направи „чак“ тоа е она. Ако некој знае да го направи тоа најубавото и најфиното и најсофистицираното, а притоа да покаже и рамо и раце и деколте и гради и нозе и сè, а притоа да нема ништо вулгарно во себе, туку се тоа да е толку женствено и толку сензуално, тоа е она. Мене и од лични и од професионални причини ми многу драго што после 10 години првпат гледам дека е перфектно стилизирана. Со неа е многу тешко да се работи, заради тоа што е многу професионална, голем познавач на модата, меѓутоа има посебен сензибилитет, посебен вкус, и во последните 10 години многу дизајнери пробале да ја облечат и да ја исфотографираат во разно разни креации, меѓутоа едноставно не успеале. Ова е нешто најдобро до сега што сум го видел од оваа дама. Браво, секоја чест и на линијата на тело и на колорот, на позата, фотографијата… Тука не застана, па откако ја пушти снимката која Георгиева одамна ја снимаше за ТВ Пинк се надоврза со ласкавите епитети, но и прати и поздрав.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ/МОДА/1ТВ

-Мислам дека не ја гледа емисијата, меѓутоа верувам дека веројатно ќе го пропрати ова мое издание и ќе го искористам ова да ја поздравам и да честитам дека конечно ја гледам во едно светло што навистина и доликува. Браво за изборот, браво за фотографијата, браво за Марков, браво за моделот, беаво за сè! – заврши Варошлија.

Инаку, пред неколку години во изјава за еден портал откри дека врската со Надица ќе остане како еден убав период од неговиот живот.

ФОТО:ФЕЈСБУК/НАДИЦА ГЕОРГИЕВА

„Нема енигма, едноставно љубовта заврши. Надица е дел од моето минато, една животна сторија што траеше повеќе од десетина години, убаво почна, заврши така како што заврши. Но секогаш во мојата свест и потсвест ќе остане како еден убав период од моето живеење.“ – изјави Сергеј во една прилика за „Убавина и здравје“.

Инаку, Надица Георгиева денес е во брак со Иво Јанковски, додека од претходниот брак има возрасен син кој го доби многу млада.

Извор: vistina.com.mk