недела, 9. мај 2021. Вести денес: 44
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home ТВ и Филм

Сања Савеска: „Ви благодарам на сите што во овој изминат период ме прифатите како домаќинка на „Брза кујна“ (фото)

Сања Савеска: „Ви благодарам на сите што во овој изминат период ме прифатите како домаќинка на „Брза кујна“ (фото)

Долгогодишната водителка на „Брза кујна“, Александра Илиевска е на породилно отсуство и не е дел од последната сезона на кулинарското шоу.

На нејзино место е нејзината колешка Сања Савеска. Од октомври претходната година, Сања заедно со шефовите Марк и Никола се новиот тим на „Брза кујна“.

Од самиот почеток Савеска одлично се снајде во својата нова улога, а водителството за неа не е непознато бидејќи претходно беше дел од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.

Таа често на социјалните мрежи споделу фотографии од снимањата и студиото на Сител, добива и позитивни коментари и критики за нејзината нова улога.

Овој пат, Сања позираше на работното место во пролетно фустанче кое одлично ја истакна нејзината фигура, а во опсиот напиша:

„ Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија„ напиша водителката.

Под објавата се позитивни коментари со комплименти и поддршка.

Инаку, Александра Илиевска се породи кон крајот на јануари и  ја доби ќерката Сара. А на прашањето дали по породувањето се враќа во „Брза кујна“ одговори дека се уште е рано нешто да планира.

Коронавирус