недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 8
home ТВ и Филм

„С*ксот и градот“ се враќа на малите екрани, но без омилената актерка?

„С*ксот и градот“ се враќа на малите екрани, но без омилената актерка?

Сара Џесика Паркер веќе со години не ја крие големата желба уште еднаш да ја обедини актерската постава на „Сексот и градот“ во трет филм од истоимената франшиза која се темели на култната серија.

Меѓутоа, плановите ѝ ги расипа Ким Катрал, која многу директно изјави дека нема намера никогаш повеќе да ја репризира улогата на обожуваната Саманта.

– На многу начини таа серија беше голем благослов, но по вториот филм веќе ми беше доста. Не можев да сфатам зошто едноставно не ме заменат со друга актерка туку наместо тоа ме малтретираа. Не значи не! Не сакам да поминам ниту еден час во ситуација во која не ми е пријатно. Сакам да бирам со кој ќе го поминувам времето, приватно и професионално. Тоа е мојот живот, изјавила Катрал во едно интервју.

Во меѓувреме, на површина „испливаа“ бројни информации за тензиите на сетот помеѓу Ким Катрал и Сара Џесика Паркер, кои всушност не се во добри односи, па затоа никој не остана зачуден од најновата вест дека „Сексот и градот“ се враќа на малите екрани, но без Саманта.

„HBO Max“ планира краток „reboot“ на серијата од неколку епизоди, во кој ќе се појават Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Кристин Дејвис (Шарлот Јорк) и Синтија Никсон (Миранда Хобс).

Сè уште не е познато дали авторите целосно ќе го изостават ликот на Саманта Џонс или постои можност да го толкува некоја друга актерка, но шансите да се случи тоа се навистина мали. Сара во една прилика објаснила дека не гледа ниту една друга актерка како потенцијална нова Саманта.

– Не можам да замислам никој друг во таа улога. Ким кажа сè што требаше да каже и тоа е нејзина привилегија, изјавила Паркер во една прилика.

Извор: ТОЧКА

Коронавирус